Top Sport

Историска ранг-листа на ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА), денес го објави најновиот редослед на фудбалските репрезентации. Листата на ФИФА е историска, бидејќи, прв пат во на челната позиција се наоѓаат две репрезентации.

До денес, листата ја предводеа актуелните светски шампиони, Французите, а од денес друштво на челната позиција им прават Белгијците, кои на мундијалот во Русија го освоија третото место, а во полу-финалето беа елиминирани токму од Франција.

Двете репрезентации имаат 1.729 бода.

Инаку, во Топ 10 на ФИФА листата, нема промени, исклучок е Данска која „падна“ на десеттата позиција.

Зад Белгија и Франција се Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Македонската фудбалска репрезентација на листата напредуваше за две позиции и се наоѓа на 68.место во светот.

Scroll to Top