Top Sport

Истрага во Брајтон за забавата со балоните (Видео)

Фудбалскиот клуб Брајтон соопшти дека е покрената интерна истрага откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како четворица фудбалери „вдишуваат непозната сусптанца“.

Шејн Дафи, Паскал Грос, Леандро Тросар о Лиреза Јаханбах се „актери“ во видео-клипот кој се врти на социјалните мрежи. Тие од балон вдишуваат „непозната супстанца“.

Видео-снимката прв пат се појави на „Твитер“ налогот на еден навивач на Кристал Палас.

Снимката е направена во Шпанија каде играчите се подготвуваат додека во Премиер лигата трае зимската пауза.

Наредниот натпревар Брајтон ќе го одиграат на 22 февруари против Шефилд.

Scroll to Top