Англиските медиуми го пренесуваат опширното истражување на „БТ спорт“, кое било реализирано со „Опта“ статистика, вештачката интелигенција и водечките стручњаци кои ја анализираат Премиер лигата.
Истражуцањето ја опфаќа целатата сезона, од почетокот до крајот, а според сите прогнози Манчестер сити лесно ќе одбранат титулата во Премиер лигата. Прогнозите се дека „граѓаните“ низ целата сезона ќе доживеат само еден пораз и неколку пати ќе одиграат нерешено.
Како и минатата сезона Ливерпул ќе завршат на второто место, но според оваа анализа нема да има неизвесност во борбата за титулата. Прогнозата вели дека Јирген Клоп во сезоната што е пред нас прв пат ќе ги победи најголемите ривали Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Третото место е наменето за Тотенхем, а четвртото за Челси. Според анализата, Челси ќе бидат конкуренти за титулата до март наредната година, потоа ќе имале лоша серија, но сезоната ќе ја завршеле на четвртото место пред Арсенал и Манчестер Јунајтед.
На „црвените ѓаволи“ им се прогнозираат дури 12 порази, а според истражувањата далеку најдобар играч во тимот ќе биде Пол Погба.
Во горниот дел од табелата би требало да бидат Евертон, Вулверхемптон, Лестер и Кристал Палас.
Според проекциите од лигата ќе испаднат Њукасл, Норич и Шефилд Јунајтед.
Истражувањето исто така предвидува дека Тотенхем нема да ја минат групата во Лигата на шампионите, но дека потоа ќе ја освојат титулата во Лига Европа и тоа против Манчестер Јунајтед.
Во Лигата на шампионите Манчестер сити и Ливерпул ќе испаднеле пред полу-финалето.