Top Sport

Италија наскоро ќе добие селектор

Фудбалскиот сојуз на Италија, по дебаклот во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, се наоѓа во процес на коренити реформи. Покрај нов претседател Италијаните интензивно бараат нов селектор.

Џанпјеро Вентура не успеа да ја однесе Италија во Русија, откако Шведска во бараж двомечот беше оуспешна поради што тој доби отказ. Италија прв пат по 1958 година нема да биде дел од најголемата фудбалска смотра во светот. Истата судбина ја доживеа и претседателот на Сојузот Карло Тевекио.

За селекторската функција во игра се четири познати удбалски имиња: Карло Анчелоти, Антонио Конте, Клаудио Раниери и Роберто Манчини.

„Имињата се познати. Имаме четири кандидати. Манчини беше во Рим, но не го контактиравме со конкретна понуда. Конте испраќа јасни сигнали дека би сакал да се врати на селекторската функција. Анчелоти се уште е решил ништ, а секако дека внимание треба да му се посвети и на Раниери. Никој од споменатите не е во предност, наскоро ќе процениме кој ќе го наследи Вентура“, порачал Роберт Фабричини кој ја врши должноста претседател на Сојузот.

Тој исто така најавил дека привремено сениорската репрезентација во пријателските натпревари ќе ја предводи селекторот на У-21 репрезентацијата Луиџи ди Бјаџо.

Италијаните никако не можат да изберат нов претседател. Изминатите денови се одржаа избори за наследник на Тевекио но никој од тројцата кандидати: Дамијано Томази, Косимо Сибилја и Габриеле Гравиа по четири круга на гласање не го доби потребното мнозинство.

Scroll to Top