Клубовите од Серија А, во 2020 година, за менаџерски провизии, потрошиле 138 милиони евра. Годината која мина во знакот на пандемијата на коронавирусот, поради што и немаше спектакуларни трансфери, клубовите потрошиле 50 милиони евра помалку него во претходната, 2019 година.
Најмногу пари за провизии исплатиле водечките клубови: Јувентус (20,8 милиони евра), Рома (19,2), Милан (14,3), Наполи (12), Интер (9)…
Најмалку за менаџерски провозии платиле луѓето од Верона, 3,9 милиони евра.