Италија се наоѓа пред голем предизвик да опстане во Лига А во Лигата на нации на УЕФА, за што мораат да останат непоразени против Полска вечерва од 20.45.
Пред мечот во Хорзов, двата тима имаат само по еден поен, заработен во 1:1 ремито во Болоња минатиот месец, додека Португалија е прва со шест, така што ако некој биде поразен вечерва, во иднина ќе игра во Лига Б.
Доколку одиграат нерешено, Италија го пречекува тимот на Португалија на 17 ноември и ќе мора да чека до мечот Португалија-Полска за да се пресмета гол-разликата. Селекторот Роберто Манчини неодамна изјави дека испаѓањето во Лига Б нема да биде „голема драма“, тоа не е целосно точно.
Лигата на нации ќе биде одлучувачка во одредувањето на ждрепката за квалификациите за Евро 2020 година, а бидејќи Италија не се квалификуваше на СП 2018 откако беше втор носител во групата со Шпанија, Италија може да ја чека уште една национална фудбалска катастрофа
Квалификациите за Евро 2020 почнуваат во март 2019 со првите две репрезентации од секоја група во Лига А.
Фото: ЕПА