Севилја најде замена за Едуардо Беризо на кого му врачи отказ поради лошите резултати. Шпанските медиуми пренесоа дека на „Рамон Санчез Писхуан“ ќе пристигне Валтер Мацари.
Преставници на Севилја, претседателот Хозе Кастро и спортскиот директор Оскар Аријас, биле во Италија каде се сретнале со Мацари.
Искусниот тренер е без работа откако при крајот на минатата сезона доби отказ во премиерлигашот Вотфорд.
Мацари во кариерата бил тренер во Ачиреале, Пистоезе, Ливорно, Реџина, Сампдорија, Наполи и Интер.
Изминатите денови со тренерското столче, новинарските шпекулации ги поврзуваа Томас Тухел, Винченцо Монтела и Хави Гарсија.
Екипата од Андалузија во моментов се наоѓа на петтата позивија во Ла Лига со 29 бода.