Top Sport

Италијанска работа – Џенова вторпат оваа година го отпушти Јуриќ

Џенова го отпушти тренерот Иван Јуриќ во неделата по поразот во градското дерби од Сампдорија во саботата, вторпат оваа година Хрватот да добие „шут-карта“ од клубот во кој настапува и македонскиот капитен, Горан Пандев.

42-годишниот Хрват претходно беше отпуштен во февруари, но помалку од два месеци подоцна беше вратен на клупата откако неговата замена Андреа Мандорлини доби шанса во само шест натпревари.

„Му благодариме на Јуриќ за напорите во првиот дел од оваа тешка сезона“, се вели во соопштението на тимот.

Џенова, тим основан во 1893 година како најстар активен италијански тим, се на 18. место во Серија А со само шест поени во 12 натпревари, и само една победа.  Џенова се третиот италијански тим со смена на тренер по Беневенто и Каљари.

Самп го доби дербито на Џенова

Scroll to Top