Top Sport

Италијанската федерација со истрага за „разговорот“ меѓу навивачите и играчите на Милан

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) ќе ја истражи конфронтацијата на навивачите на Милан со фудбалерите по 2:0 поразот од Специја, објавува новинската агенција АНСА.

Италијанската федерација во својот спортски код забранува закани кон фудбалерите од страна на навивачите, а иако тренерот Стефано Пиоли изјави дека немало закани, федерацијата ќе си изврши своја истрага.

„Тоа беше позитивна работа. Отидовме да ги поздравиме како и секогаш. Тие не подржаа да го дадеме максимумот“, изјави Пиоли.

Според „Ла газета дело спорт“, само еден капо (водач на навивачите) разговарал, додека фудбалерите на Милан само слушале.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');