Италијанската влада го одби контроверзниот предлог за даночни олеснувања за клубовите во Серија А, поставувајќи ги во тешка ситуација Интер, Лацио, Рома и Јувентус, кои имаат најголеми долгови.
Предлогот, предводен од претседателот на Лацио, Клаудио Лотито предизвика контроверзи бидејќи клубовите како Наполи и Фиорентина сметаа дека неправедно ќе се наградат клубовите кои не работеле ефикасно и во рамка на своите можности. Всушност, со мерката требаше да се продолжат олеснувањата кои постоеја за време на пандемијата на КОВИД.
Наместо тоа, сега, италијанските клубови, кои должат фантастични 500 милиони евра на даноци, ќе мора да ги исплатат до 22 декември. Според „Калчо е финанца“, Интер има најголем долг од 50 милиони евра, Лацио се втори со 40 милиони евра, а Рома на третото место со 38 милиони евра. Над 10 милиони евра имаат и Јувентус (30 милиони евра), Наполи (25 милиони евра), Фиорентина (15 милиони евра) и Милан (10 милиони евра).
#SerieA, stangata tasse: il governo blocca l'emendamento salva-calciohttps://t.co/N9YrGXalnO pic.twitter.com/0FgKPNqpPI
— Calcio e Finanza (@CalcioFinanza) December 15, 2022