Новото засилување на Милан, Белгиецот Шарл де Кетеларе, очигледно, ги импресионираше италијанските медиуми со својот прв старт за Милан, и веднаш доби споредби со бразилските мајстори на фудбалот, Кака и Ривалдо.
Де Кетеларе, по инсистирање на Паоло Малдини беше главната цел на „росонерите“ во летниот преоден рок, и тие платија 32 милиони евра на Клуб Бриж, за тој да дебитира како стартер против Болоња во саботата. Белгиецот врати со асистенција на првиот гол на Рафаел Леао и доби високи оценки кај италијанските спортски весници.
„Ла газета дело спорт“ го спореди Де Кетеларе со Кака пишувајќи на насловната: „Во 25 дена, тој го презеде Милан и веќе е идол на ‘Сан Сиро’. Со елеганцијата и стилот на игра, тој наликува на Бразилецот“.
Во весникот 21-годишниот Де Кетеларе е споредуван со други поранешни великани на Милан, како Ривалди и Руи Коста: „Според движењеото и физичката подготвеност, тој личи на Кака, но некои негови додавања потсетиа на Руи Коста и Ривалдо“.