Лорис Кариус доби шанса да си замине од Ливерпул по катастрофалното финале од Лигата на шампиони, откако италијанскиот третолигаш Римини му понуди едногодишен договор на германскиот голман.
Кариус направи две ужасни грешки за Ливерпул да го загуби финалето со 3:1, и 24-годишниот голман беше виден како заминува од Англија, најверојатно на одмор.
Претседателот на Римини, Џорџо Граси во отворено писмо му понуди на Германецот да дојде во Италија и „да го врати мирот, спокојството, самодовербата и да ги следи своите соништа“.
„На 22 јуни, Лорис Кариус ќе наполни 25 години. Би сакал да го пречекам германскиот голман на неколку дена во Римини, каде што честопати има многу германски туристи кои уживаат во нашето добредојде. Би сакал да го пречекам и да му кажам дека е потребна храброст да ги научи животните лекции кои се најтешки“, вели Граси.