Top Sport

Италијанските клубови лани одбија ист богат договор кој Шпанците го прифатија

Договорот на шпанската Ла лига вреден 2.7 милијарди евра со американската „ЦВЦ Капитал парнтерс“ беше пречекан со воодушевување во Шпанија, додека во Италија се појавија прашања зошто нивните клубови го одбија идентичниот договор.

Сличен предлог, со слична сума, беше понуден на италијанските клубови во октомври 2020, но клубовите, предводени од Јувентус, го одбија. Во април оваа година, претседателот на Торино, Урбано Каиро јавно го обвини претседателот на градскиот ривал Јувентус, Андреа Ањели дека го „саботирал“ договорот бидејќи зад грб на италијанските клубови работел на проектот за Супер лигата.

Тогаш на гласањето, 13 од 20 клубови гласаа за предлогот, а беа потребни 14 гласа.

Scroll to Top