Top Sport

Италијанското градче со почест за потомокот Почетино

Италијанското градче Вирле Пиемонте одлучи да го именува менаџерот на Тотенхем, Аргентинецот Маурицио Почетино за почесен жител при неговата прва посета на регионот од кој тој потекнува.

Пра-прадедото на Почетино, Микеле е роден во градчето во 1864 година, а сегашниот заменик градоначалник Даниеле Покетино е негов далечен роднина. Градоначалникот Матија Робасто изјави дека ќе се обиде да му ја даде повелбата на стадионот на Јувентус во понеделник навечер по тренингот на Тотенхем пред дуелот од Лигата на шампиони.

Почетино, со презиме кое е често во областа Пиемонт (каде што е и Торино), за „Газета дело спорт“ изјави дека се радува на посетата на земјата на неговите предци.

„По ждрепката прво што помислив е дека конечно ќе ја видам земјата на моето потекло. Бев неколку пати во Италија, но никогаш во Пиемонт. Сега ќе го дишам воздухот на Торино“, вели Почетино.

Повеќе од 25 милиони Аргентинци (од 44 милиони жители) имаат делумно италијанско потекло, или 62 отсто од популацијата. Италијанците се селат во Аргентина од крајот на 19-тиот век.

Scroll to Top