Top Sport

Итен состанок во Барселона

Каталонските медиуми објавија дека првиот човек на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу вечерва на состанок ги собрал првите луѓе на сите сектори во клубот. Ситуацијата е алармантна бидејќи Барселона откако испадна од Лигата на шампионите не успеа да го освои ниту шпанскиот Куп.

Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека на состанокот ќе бидат разгледани две точки, односно ќе се решава иднината на двајца луѓе во клубот, тренерот Ернесто Валверде и спортскиот директор Пеп Сегура.

Scroll to Top