Хуан Мануел Итурбе се враќа во Серија А, тврди „Спорт Италија“. Поранешниот фудбалер на Рома, ќе ги следи стапките на Жервињо, кој во минатото исто така играше во Рома и ќе потпише договор со Парма.
Планот на челниците на Парма е токму Итурбе и Жервињо да го предводат нападот на Парма во наредната сезона, прашање е само кој ќе биде третиот во нападот Инглезе или Степински од Киево.
Итурбе во моментов е играч на Пумас во Мексико. Сезонава има учинок од осум гола и пет асистенции.
Инаку, Итурбе е Парагваец кој е роден во Буенос Аирес во Аргентина. Кариерата ја започнал во Килмеш, во јануари 2011 година направил трансфер во Порто. Потоа се врати во Аргентина, во Ривер Плата.
Од Аргетнина се сели во Верона, а потоа во Рома, играл шест месеци за Борнмут, а потоа и за Торино. Во Мексико пред Пумас бил играч на Тихуана.