Претседателот на Бугарската фудбалска федерација (БФС), Георги Иванов одби да се извини за својата изјава дека „фудбалери со друга боја на кожа“ не треба да играат за репрезентацијата.
„Стојам зад мојата изјава дека сакам да ја гледам Бугарија со бугарски фудбалери. Додека сум јас претседател, странец, со странски пасош и друга боја на кожа нема да игра. Не сакам играчи од други земји да ги заменат бугарските фудбалери. Некои земји го прават тоа, но тоа е погрешна практика“, изјави Иванов.
Во 1990-тите за Бугарија настапуваа играчи родени во Србија како Зоран Јанковиќ и Предраг Пазин, додека сегашниот селектор исто така доаѓа од Србија, Младен Крстајиќ.