Искусниот српски фудбалер, Бранислав Ивановиќ (34), би можел да биде решението за проблемите кои Барселона ги има во дефанзивната линија, пишува во вторникот „Мундо депортиво“.
Ивановиќ, кој најдобрите години во кариерата ги мина во Челси, до крајот на сезоната има договор со Зенит, каде што е игра стандардно и тоа на позицијата централен дефанзивец.
Бидејќи договорот му истекува наредното лето, во Барселона сметаат дека не да мора да издвојат некоја голема сума во јануари за да го купат поранешниот репрезентативец на Србија.
Покрај цената, спортскиот сектор на Барселона, смета дека Ивановиќ има доволно искуство за да може да одговори на предизвикот.
Барселона е во потрага по дефанзивен фудбалер поради лошата форма во која се наоѓа Џерар Пике и поради повредите на Самуел Умтити и Томас Вермален. Умтити ќе отсуствува повеќе месеци, додека Вермален ќе се рехабилитира шет недели.
Ивановиќ беше трансфер цел на Барселона и пред речиси три години, но тој тогаш реши кариерата да ја продолжи во Русија.
Бранислав Ивановиќ со Челси има освоено десет трофеи, меѓу кои и они наменети за победникот во Лигата на шампионите и Лига Европа.