Вејн Руни е еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња, тој е жива легенда на Манчестер Јунајтед и најдобар стрелец во историјата на славниот клуб и англиската репрезентација. За Јунајтед има постиганот 253, а за репрезентацијата 53 гола.
Руни, на залезот на кариерата, реши да ја напушти Премиер лигата и да се пресели преку Антлантикот. Од минатата година тој е играч на Ди-Си Јунајтед.
Напаѓачот во интервју за англиските медиуми, изненадил со одговорот на прашањето кој е најдобриот фудбалер со кого играл.
„Тоа е Лусијано Акоста, мојот соиграч од Ди-Си Јунајтед. Тој е млад и неверојатно талентиран фудбалер. Треба само да остане мотивиран и сигурен сум дека ќе направи голема кариера. Многу силни екипи се заинтересирани за него. Сум играч со многу добри фудбалери, но тој е веројатно најдобриот со кого сум играл. Толку е млад, а толку е талентиран“, рекол Рунби кој во кариерата играл со Гигс, Бекам, Роналдо, Сколс, Лампард, Џерард…
Инаку, Акоста има 24 години, а во Ди-Си Јунајтед е од 2016 година. Кариерата ја започнал во Бока Јуниорс.