Десетмина фудбалери на Бенин, заедно со поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Анжорин Мушараф, завршиле зад решетки бидејќи лажеле за своите години.
Фудбалерите лажеле дека имаат по 17 години, тие биле повозрасни, а откако измамата била откриена тие завршиле в затвор.
Играчите биле во притвор од септември кога била откриена измамата, а се пуштени на слобода откако била донесена пресудата.
Двојно поголема казна, 12 месеци затвор, односно 10 месеци условно, добил сега веќе поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Бенин, Мушараф. Покрај него, поради административни малверзации, биле осудени и селекторот на репрезентацијата до 17 години, Лафи Јесуф и уште двајца членови на стручниот штаб.
Судот им пресудил затворски казни од шест месеци, од кои пет месеци условно, поради што и биле пуштени на слобода. Поради измамата Бенин е дисквалификуван од квалификациите за пласман на Купот на Африка за фудбалери до 17 години.