Top Sport

Измамници го „олесниле“ Наинголан за 150.000 евра

Фудбалерот на Интер Раџа Наинголан, како што пишува „Ла Стампа“, бил ограбен. Белгиецот останал без 150.000 евра.

Изманниците фалсификувале чекови со потписот на Наинголан и на тој начин му ја „олесниле“ сметката за 150.000 евра. Белгиецот со својот адвокат бил в полиција за да открие кој му ги украл парите.

Во текот на истрагата било откриено дека дека еден чек со автентичен потпис на Наинголан, минатиот август, бил пуштен во казино во Монте Карло.

Полициски извори откриваат дека со помош на видео-снимките ќе ја откријат бандата која го ограбила фудбалерот на Интер. Инаку, од првиот фалсификуван чек крадците пари ги подигнале во Рим.

Scroll to Top