Top Sport

Изненадувачки трансфер – Нолито се врати во Селта

Поранешниот шпански репрезентативец Нолито (31) по четири години се врати во Селта. Клубот од Виго ја искористи опцијата што ја дозволува Ла Лига да ангажира фудбалер од шпанското првенство надвор од преодниот рок. Селат реши да го врати Нолито откако поради тешка повреда Серхио Алварез ја заврши сезоната. Нешто слично во февруари направи Барселона со трансферот на Брајтвајт.

Нолито најдобрите пати во кариерата ги ружи во дресот на Селта. Во периодот од 2013 до 2016 година тој за клубот од Виго одигра 100 натпревари на кои постигна 39 гола.

Потоа направи трансфер во Манчестер сити каде се задржа една сезона, а од 2017 година е играч на Севилја. Бидејќи сезонава е втор план кај тренерот Хулен Лопетеги тој реши да ја прифати понудата од Виго.

Со Селта Нолито потпиша договор до јуни 2021 година.

Scroll to Top