Top Sport

Израелецот кој играше за Челси, Ливерпул и Арсенал ги „закачи копачките“ на 39 години

Екс-фудбалерот на премиерлигашите Челси, Ливерпул и Арсенал, Израелецот Јоси Бенајун на 39 години ја заврши фудбалската кариера. Израелскиот ветеран последно настапуваше за Беитар од Ерусалим.

Кариерата ја започна во Хапоел Бер Шева, па играше во Макаби Хаифа, Расинг Сантандер, а популарноста ја стекна во Премиерлигата каде настапуваше од 2005 до 2014 година.

Беше дел од Вест Хем, Ливерпул. Челси, Арсенал и Квинс Парк Ренџерс. Последната година од кариерата се врати во татковината и настапуваше за неколку клубови.

Бенајун е рекордер во дресот на израелската репрезентација, настапи на 102 натпревари.

Scroll to Top