Top Sport

Извлечени групите за Лигата на нации

УЕФА во средата, во Лозана, ги извлече групите за новоформираното натпреварување Лига на нации. Инаку на завршниот турнир ќе играат само селекциите од најсилната А лига. Тој ќе биде одржан од 5 до 9 јуни 2019 година, додека баражот за Европското првенство во рамките на лигата на нации ќе се игра од 26 до 31 март 2020 година.

Фудбалската репрезентација на Македонијае во Д лигата. Ждрепката ја смести во Групата 4, а противници ќе и бидат селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

А лига:

Група 1: Германија, Франција, Холандија
Група 2: Белгија, Швајцарија, Исланд
Група 3: Португалија, Италија, Полска
Група 4: Шпанија, Англија, Хрватска

Б лига:

Група 1: Словачка, Украина, Чешка
Група 2: Русија, Шведска, Турција
Група 3: Австрија, Босна и Херцеговина, Северна Ирска
Група 4: Велс, Република Ирска, Данска

Ц лига:

Група 1: Шкотска, Албанија, Израел
Група 2: Унгарија, Грција, Финска, Естонија
Група 3: Словенија, Норвешка, Бугарија, Кипар
Група 4: Романија, Србија, Црна Гора, Литванија

Д лига:

Група 1: Грузија, Латвија, Казахстан, Андора
Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино
Група 3: Азербејџан, Фарски острови, Малта, Косово
Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар

Термини за одигрување на натпреварите:

6 до 8 септември
9 до 11 септември
11 до 13 октомвр
14 до 16 октомври
15 до 17 ноември
18 до 20 ноември

Scroll to Top