Top Sport

„Ја навреди мојата штотуку родена ќерка, по натпреварот го нокаутирав“

Откако Џорџо Кјелини во биографијата откри детали од времето кога Фелипе Мело му бил соиграч, Бразилецот често е во медиумите, раскажува анегдоти кои немаат врска со играчот на Јувентус.

Во биографијата „Јас Џорџо“, Кјелини пишува дека Мело не почитувал никого, се расправал со сите во Јувентус и секогаш бил подготвен за карање и тепање.

Фелипе Мело се присетил на перидот кога бил играч на Фиорентина, раскажал дека физички се пресметал со Диго Лопес по натпреварот со Калјари.

„Се сеќавам на тој меч против Калјари. Алберто Џилардино доби удар по главата од Диего Лопес, а потоа започна мене да ме навредува, ја спомна мојата ќерка која штотуку беше родена. Ми кажав дека ќе се видиме по натпреварот, не знаеше што го чека“, рекол Фелипе Мело.

„Постигнавме гол во последната минута и победивме. Потоа јас и Лопес се сретнавме во тунелот. Не мо дадов шанса да каже нешто, веднаш го удрив и го нокаутирав“, раскажал темпераментниот бразилски фудбалер.

Scroll to Top