Top Sport

„Ја сакам Барселона, но не би одбил понуда на Реал“

Реал и Барселона се најголемите ривали во шпанскиот фудбал, поради што за еретник се смета оној што прави трансфер од едниот во другиот клуб. Поради ова големо внимание привлече изјавата на младиот фудбалер на Барселона, Карлес Алења, кој до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер во Бетис.

Алења е сигурен дека не би го одбил Реал доколку од „кралскиот клуб“ добие понуда.

„Ја сакам Барселона, но не би одбил понуда на Реал“, рекол 22 годишникот во интервју за „Ел Ларгуеро“.

„Животот на еден фудбалер е полн со пресврти. Доживотен сум навивач на Барселона, но научив дека никогаш да не велам никогаш“.

Алења проговорил и за односот со тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

„Никогаш не ми кажа зошто не играм. Меѓутоа имавме добар однос, не заборавам што се Барселона направила за мене. Сега малку ми е чудно што после толку време носам други бои на дресот“, рекол новиот играч на Бетис.

Scroll to Top