Top Sport

Јаго Аспас ја „уништи“ Валенсија

Селта Виго стигна до импресивна 2:1 победа над Валенсија, победа заработена од херојот на клубот од Галиција, Јаго Аспас, кој постигна два гола.

Аспас уште во 13-тата минута доби одлична топка од Нолито за да ги донесе Селта во водство, меѓутоа Валенсија успеа да израмни на почетокот на второто полувреме со ефектниот гол на Макси Гомез. Само 11 минути подоцна, Аспас со фантастичен гол од слободен удар ја обезбеди првата победа во новата сезона.

Претходно, Хетафе стигна до 1:0 победа над Осасуна со голот на Хаиме Мата.

ЛА ЛИГА, 2.КОЛО

Хетафе – Осасуна 1:0

Селта – Валенсија 2:1

Scroll to Top