Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ продолжува да биде клучен човек на турскиот суперлигаш Гезтепе, откако благодарение на неговиот гол тимот стигна до деветтата победа за скок на шестото место.
Јаховиќ во 43. минута беше прецизен од белата точка, за да го постигне својот 12-ти гол оваа сезона за важни три поени за тимот од предградието на Измир.