Top Sport

Јаховиќ донесе нови три поени за Гезтепе (видео)

Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ беше стрелец на единствениот гол за Гозтепе да се врати со три поени од гостувањето кај Карабукспор, и да го крене својот тим на третото место во турската Суперлига 1.

Домаќините имаа шанса да поведат во 33. минута, кога Мустафа Јатабаре не успеа да биде ефикасен од белата точка, по што во второто полувреме стигна казната преку Јаховиќ со одличен гол од линијата на шестнаесетникот.

Гезтепе сега има 24 поени во турската прва лига, пет поени помалку од лидерите Бешикташ и три помалку од второпласираните Башакшехир.

Scroll to Top