Адис Јаховиќ напаѓачот на турскиот суперлигаш Газтепе на „Фејсбук“ прашуа зошто само тој од репрезентативците кои бил во националниот тим не ја добил премијата за дуелите против Италија и Лихтенштајн.
Јаховиќ на натпреварите на кои Македонија одигра 1:1 со Италија во Торино и славеше над Лихтенштајн 4:1 во Струмица не влезе во игра.
Тој селекторот Игор Ангеловски и раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги прашува зошто само тој не ја добил премијата за тие два натпревари која изнесува 1.500 евра.
Инаку Јаховиќ откако не доби шанса да настапи на овие натпревари реши да се повлече од репрезентацијата.