Јаја Туре замина од Манчестер сити и сега може да каже сѐ што сака за менаџерот Пеп Гвардиола, обвинувајќи го дека му бил љубоморен и дека околу него беспотребно се гради „мит на добар тренер“.
35-годишниот ветеран од Брегот на Слоновата Коска исто така вели дека Гвардиола се обидел да му ја „расипе“ последната сезона со шампионите од Лигата на шампиони. Гвардиола му го даде поиследниот настап на Туре за Сити, кога ветеранот се прости со говор, откако претходно беше во конфликт со тренерот откако агентот се пожали дека клубот не му го честитал роденденот.
Туре немаше убави зборови за Каталонецот.
„Пеп сака да доминира и сака да има само послушни фудбалери кои му ги лижат рацете. Мене не ми се допаѓа таков однос. Јас го почитувам мојот тренер, но не правам такви работи. Како и сите фудбалери, сум имал конфликти со тренерите. Но, по одредено време, луѓето кои не се разбираат се смируваат. Тоа не е можно со Пеп. Другите нема да го признаат ова јавно, но веќе ми кажаа дека го мразат. Зошто? Бидејќи манипулира и многу сака да се игра со вашиот ум“, вели Туре во интервју со „Франс фудбал“.
Туре вели дека имал големи надежи кога пристигнал Гвардиола, но веднаш го сменил мислењето.
Yaya Touré on Pep Guardiola:
“He was cruel with me. Do you really think he could’ve been like that with Iniesta?”
“It got to the point I asked myself if it was because of my colour. I’m not the first, other Barça players asked the question too” ?? pic.twitter.com/0YBf4z0a9b
— DiskiStyle (@DiskiStyle) June 4, 2018
„Кога дојде во Сити, веднаш ми кажа дека сум му потребен да ги учи младите. Имав опции да заминам, но мислев дека ќе играм и ќе станам легенда на ’граѓаните’. Мислам дека ми се одмаздуваше со тоа што не ме ставаше во игра. Имам впечаток дека беше љубоморен, дека сметаше дека сум ривал. Не кажуваше ништо директно, но знае дека јас зборувам каталонски, шпански и англиски и тоа е доволно за комуникација“, додава Туре.
Тој посочува дека не е потребно да се гради „мит“ околу тренерските квалитети на Гвардиола, додавајќи дека му се потребни повеќе ресурси да успее од другите менаџери, посочувајќи го Зинедин Зидан како „поголем тренер“.
„Сакам да бидам тој што ќе го урне митот за Гвардиола. Тој не ја ’измисли’ Барселона, туку само беше доволно умен да го спроведе планот на Јохан Кројф. Потоа се обиде да го направи истото со Баерн и Сити, но со јасни побарувања – негови играчи и речиси неограничени ресурси. Тоа нема да функционира во Кристал палас или Ватфорд. За мене Зидан е поголем бидејќи има помалку побарувања и ги почитува своите играчи. Пеп сака да го сметате за гениј. Го обожува тоа. Кога ќе го погледнам како ја чеша главата во текот на мечот да покаже дека размислува многу, ми се смее. Комедија“, завршува Туре.
Фото: ЕПА