Top Sport

Јаја Туре поради семејни причини не игра за БСК

Јаја Туре се повлече од планираниот кам-бек во националниот дрес на Брегот на Слоновата Коска поради семејни причини.

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, неодамна најави дека повторно ќе игра за БСК, репрезентација за која настапи 102 пати, и требаше да биде дел од пријателските мечеви против Того и Молдавија, меѓутоа ги известил луѓето од федерацијата дека се повлекува поради семејни причини.

34-годишниот Туре ги предводеше БСК до титулата на Африканскиот куп на нации во 2015 година, по што се повлече од репрезентацијата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top