Top Sport

Јамал проговори за роденденската забава со џуџиња: Не обрнувам внимание на критиките освен ако не се од семејството и пријателите

Новиот сопственик на легендарниот број 10 во Барселона, Ламине Јамал, за првпат проговори на бројните критики што ги доби по прославата на неговиот 18. роденден. Прашањето за роденденската забава не можеше да се избегне на презентација по потпишувањето на новиот договор. Шпанскиот репрезентативец имаше кусо објаснување.

„Не обрнувам внимание на критиките или на она што некој го кажува, освен ако не доаѓа од моето семејство и пријателите. Само сум фокусиран на фудбалот и тоа е сè што имам да кажам на оваа тема“, рече Јамал.

Прославата на 18. роденден на Јамал во вила во близина на Барселона собра многу познати личности, а обвинувања стигнаа по објавите дека Јамал ангажирал џуџиња за да ги забавуваат госитите.

Канцеларијата за лица со попреченост при Министерството за социјални работи на Шпанија вчера поднесе кривична пријава против Јамал за потткнување дискриминација на лица се попреченост оти шпанскиот закон за правата на лицата со попреченост забранува организирање претстави или друга забава што може да предизвика исмејување и потсмев на лицата со попреченост.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top