Словенечкиот фудбалски голман, Јан Облак брани на високо ниво во Атлетико Мадрид и во репрезентацијата на Словенија подолг период, па затоа изненадува честото тресење на неговата мрежа во последниот период.
Облак е рекордер по бројот на натпревари со „чиста мрежа“ во Примера. Тој, првпат, по 2012 година кога го чуваше голот на португалски Рио Аве на три меча во низа прима по 2 гола, тука секако сметајќи на натпреварите во клуб и во репрезентација.
Најпрво Облак е совладан двапати на голот на Словенија, победа над Израел со 3-2, потоа пораз на Атлетико од Реал Сосиедад со 0-2, а синоќа нерешено против Јувентус 2-2, во рамки на Лигата на шампиони.
Последен пат кога ова му се случи имал само 19 години.