Top Sport

Јан Рајт и Алан Ширер ќе ја бојкотираат „Би-би-си“ во солидарност со Линекер

Јан Рајт и Алан Ширер во знак на солидарност со Гери Линекер нема да бидат присутни на каналите на „Би-би-си“ во популарните фудбаски емисии, откако „Би-би-си“ објави дека Линекер нема да го води „Меч оф д деј“ поради неговите контроверзни пораки околу имиграцијата во Велика Британија во кои ги спореди потезите на владата со тие на нацистичка Германија во 1930-тите.

„Сите знаат што ми значи таа емисија, но им кажав на ‘Би-би-си’ дека утре нема да бидам со нив. Солидарност“, напиша поранешниот напаѓач на Арсенал, Рајт на Твитер.

Веднаш потоа и Ширер, легендарниот поранешен напаѓач на Њукасл потврди дека ќе отсуствува од програмата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');