Top Sport

Јаневски: Грешките во Европа скапо се плаќаат

Шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски на прес-конференцијата по мечот со Реал Сосиедад ја честиташе победата на тимот на Реал Сосиедад и истакна дека тимот одиграл подобро од првиот натпревар во Скопје, но дека се направени грешки кои што биле казнети од противникот.

„Сакам да им честитам на Реал Сосиедад и на колегата. Денеска одигравме подобро од Скопје, имавме добра организација особено до голот. Знаевме дека ќе имаат контрола и ќе ја форсираат таа игра со многу додавања, но не беа така опасни како во првиот меч. Првиот гол го примивме недозволиво. За мене недозволиво е најмалиот играч на терен да ни даде гол со глава. Имавме и играч до него кој што не реагира како треба, а таквите грешки во Европа скапо се плаќаат. После тоа продолживме да играме, очекувавме дека и ние еднаш ќе создадеме и ќе ги загрозиме. Потоа дојде вториот гол, повторно задоцнивме, топката патува долго, и по втор пат како во Скопје, ни дава гол нивен бек. И да не зборувам за третиот погодок, каде што имаме прво наивен прекршок, иако топката не е во мирување. Во секој случај имавме желба, имаше напредок во играта, но тие ситници го решија овој натпревар“, изјави Јаневски.

Реал Сосиедад на „Аноета“ го победи Вардар 3:0 со головите на Хуанми, Дела бела и Баутиста.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top