Top Sport

Јаневски ја презеде одговорноста за дебаклот против Реал Сосиедад

Фудбалерите на Вардар и во вториот меч на домашен терен во Лига Европа забележаа убедлив пораз. Во четвртокот Реал Сосиедад ги декласира „црвено-црните“ со 6:0. Вардар во двата натпревари на домашен терен не успеа да постигне гол, а прими 11.

Тренерот на тимот Чедомир Јаневски по натпреварот, на прес конференцијата, ја презеде одговорноста за поразот од Реал Сосиедад.

„Виновен сум за дебаклот и сакам да им се извинам на навивачите. Реал Сосиедад покажа класа, секоја недела играа силни натпревари“, рече тренерот на Вардар.

Вардар следниот натпревар во Лига Европа ќе го одигра на 2.ноември кога ќе му гостува на Реал Сосиедад.

Scroll to Top