Top Sport

Јанг: Би пешачел од Италија ако ме викнат во Вотфорд

Ешли Јанг вели дека би „пешачел од Италија“ доколку Вотфорд му понудат шанса да се врати во тимот во кој ја започна својата кариера, и покрај тоа што е редовен првотимец во Интер по пристигнувањето од Манчестер јунајтед во јануари.

35-годишниот Јанг помина низ академијата на Вотфорд, за да дебитира во 2003 и да има 107 настапи за тимот во четири години пред трансферот во Астон вила.

„Ако би можел да се вратам и да играм повторно за Вотфорд, би се вратил од Италија пешки бидејќи не заборавив од каде потекнувам и кој ми дозволи да стигнам до каде што стигнав“, вели Јанг.

Јанг успеа да помогне Вотфорд да влезат во Премиер лигата во 2006 година и остана уште една сезона пред да направи трансфер во Вила, каде што помина уште четири години пред да го купат Манчестер јунајтед.

Scroll to Top