Top Sport

Јани Атанасов со Хајдук Сплит ќе игра во финалето на хрватскиот Куп

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов со тимот на Хајдук Сплит обезбеди пласман во финалето на Купот на Хрватска. Хајдук вечерва во полуфиналето ја совлада Горица со 2-1, а во финалето ќе го очекува подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Ријека и Осијек.

Мелњак во 39. минута донесе водство од 1-0 за Хајдук Сплит, а во вториот дел уште еднаш ја погоди мрежата на Горица. До крајот, гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Калик од пенал.

Јани Атанасов влезе во игра во 73. минута и ги одигра последните дваесетина минути од натпреварот.

Scroll to Top