Top Sport

Јаница Костелиќ го казнува Давор Шукер

Јаница Костелиќ потврди дека спортската инспекција ги „чешла“ работите во Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и дека веќе го казнила контроверзниот претседател Давор Шукер.

35-годишната славна скијачка во кариерата стигна до 4 олимписки злата и три титули од Светскиот куп, а сега работи како државен секретар за спорт во Хрватска откако доби политичка поддршка од ХДЗ, а повеќе пати најавуваше дека мора да се случат промени во Хрватскиот фудбалски сојуз, иако таму повторно беше реизбран Шукер, уште едно славно име на хрватскиот спорт.

Инспекцијата на Костелиќ го испитува случајот на општинските фудбалски сојузи на Карловац (Невен Шпрајцер) и Осиек (Жељко Шириќ), каде што двајцата именувани ги задржаа своите работни места и покрај тоа што беа осудени за давање на мито за местење на фудбалски натпревари.

Костелиќ, која беше присутна на двете трки од Светскиот куп на Сљеме, не сакаше да коментира.

„Спортската инспекција си ја врши својата работа. Ќе видиме што ќе одлучат тие. Состојбата во ХНС е во надлежност на инспекцијата, така што секоја промена ќе биде добредојдена“, вели Костелиќ.

Давор Шукер останува „шеф“ во хрватскиот фудбал

 

Scroll to Top