Top Sport

Јанузај блиску до Рома

Белгискиот репрезентативец Аднан Јанузај е во контакти со Рома во обид да ги договори личните услови за трансфер од Реал Сосиедад, открива неговиот агент, Дирк де Фрисе, најавувајќи дека е можно бргу да дојде до договор.

Јанузај, поранешниот „пулен“ на Манчестер јунајтед, е прв избор за замена на повредениот Николо Заниоло, кој ќе паузира до крајот на сезоната поради скинати лигаменти во коленото.

„Ја разгледуваме опцијата да има позајмица со опција за купување и се надевам дека ќе имаме договор во следните неколку дена“, изјави Де Фрисе за италијанските медиуми.

Реал Сосиедад бараат 15 милиони евра за Белгиецот, додека Рома понудуваат опција позајмица со обврска за купување за 12-13 милиони евра.

Scroll to Top