Top Sport

Јапонците и Сенегалците ги имаат најкултурните навивачи (видео)

Навивачите на Јапонија и на Сенегал дадоа добар пример за другите фанови на Мундијалот во Русија, откако самите си чистеа по крајот на натпреварите на нивните репрезентации.

Фановите на двете земји можеа да бидат задоволни од тоа што го видоа на теренот, откако Јапонија со 2:1 ја победи Колумбија во Саранск, Мордовија, а Сенегал со 2:1 ги совладаа Полска на стадионот на Спартак во Москва..

На социјалните мрежи се појавија еден куп видеа од „самураите“ како собираат ѓубре од стадионот со 45 илјади гледачи, но ова не е првпат да има вакви сцени, за постарите кои се сеќаваат на СП во Јапонија и Јужна Кореја во 2002 година, кога сите трибини беа можеби почисти по крајот на натпреварите отколку на стартот.

Уште поизненадувачки, фановите на Сенегал, популарните „Лавови од Теранга“ беа доволно расположени да ги исчистат трибините по мечот со Полјаците. За ова ФИФА ги награди како „фанови на денот“.

Scroll to Top