Top Sport

Јапонците пречекани како национални херои (Видео)

Фудбалските репрезентативци на Јапонија, се вратија во државата, каде на аеродромот беа пречекани како вистински херои.

„Сините самураи“, одиграа одличен турнир, иако благодарение на ферплејот минаа во осмина-финалето, каде малку им недостигаше да ја шокираат фаворизираната Белгија.

Јапонија против Белгија имаше предност од 2:0, потоа Белгијците израмнија на 2:2, а во 94.минута „црвените ѓаволи“ им пресудија на своите противници со голот на Шадли.

Покрај она што го прикажаа на теренот, Јапонците ги собраа симпатиите на светската јавност со своето однесување на Светското првенство.

Репрезентативците денес пристигнаа во Токио. Погледнете како изгледаше пречекот на Јапонците.

Scroll to Top