На само 65 дена до Светското првенство во Русија, Јапонија остана без селектор откако босанскохерцеговскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ доби оставка.
Козо Ташима, претседателот на Фудбалската федерација на Јапонија, му се заблагодари на Халилхоџиќ за соработката, и потврди дека репрезентацијата ќе ја води Акира Нишино, поранешниот младински селектор на Јапонија и тренер на Гамба Осака, Нагоја и Висел Кобе.
Јапонските медиуми тврдат дека најголем проблем биле лошите односи на Халилхоџиќ со дел од фудбалерите по пријателските мечеви во март против Мали (1:1) и Украина (1:2). Јапонија е во група со Полска, Сенегал и Колумбија на Мундијалот.
Фото: ЕПА