Андриј Јармоленко и Марко Арнаутовиќ го „казнија“ тимот на Евертон и го предводеа Вест хем до 3:1 победа на „Гудисон парк“ за „чеканите“ да ги освојат првите поени во новата сезона.
Јармоленко ги донесе гостите во водство во 13. минута откако доби совршена топка од Марко Арнаутовиќ, пред Украинецот да го удвои водството со фантастичен гол по половина час игра.
Евертон се закани преку Гилфи Сигурдсон пред крајот на полувремето, но Арнаутовиќ ги уништи надежите на „карамелите“ за по час игра да донесе 3:1 победа.
Вест хем под новиот тренер Мануел Пелегрини имаше ужасен старт на сезоната губејќи од Ливерпул, Бурнемаут, Арсенал и Вулверхемптон.