Манчестер јунајтед ги очекува незгодно гостување кај четвртолигашот Јеовил таун во четвртото коло на ФА купот по ждрепката во понеделникот.
Јеовил се на 21. место во Лига 2, со што се најнискорангираниот тим останат во ФА купот, така што финансискиот бонус кој ќе го добијат од ТВ-правата за дуелот со Јунајтед добро ќе им дојде.
Тотенхем исто така ги очекува незгоден дуел против уште еден четвртолигаш Њупорт каунти, Ливерпул доби премиерлигашки противник во Вест Бром, додека Манчестер сити ќе гостува кај Кардиф сити или Менсфилд таун.
ФА, 4.КОЛО, 26-29 ЈАНУАРИ
Ливерпул – Вест Бром
Питерборо јунајтед – Флитвуд/Лестер
Хадерсфилд – Бирмингем сити
Нотс Каунти – Вулверхемптон/Свонси
Јеовил таун – Манчестер јунајтед
Карлајл јунајтед/Шефилд венсдеј – Стивениџ/Рединг
Кардиф/Менсфилд таун – Манчестер сити
МК Донс – Ковентри сити
Милвол – Рочдејл
Саутемптон – Ватфорд
Милдзборо – Брајтон
Бурнемаут/Виган – Шрузбери таун/Вест Хем
Хал сити – Нотингем форест
Њупорт каунти – Тотенхем
Норич/Челси – Њукасл јунајтед
Шефилд јунајтед – Престон Норт Енд