Португалија на драматичен начин избри меч со Македонија, во борбата за пласман на Мундијалот во Катар.
Имаа Португалците 2:0, по првото полувреме против Турција, на крајот среќно славеа победа 3:1.
Бурук Јилмаз го намали резултатот во 65.минута, а истиот играч во 86.минута промаши пенал. Топката по неговиот удар заврши високо над португалскиот гол. Во самиот финиш Португалците постигнаа уште еден гол.
На социјалните мрежи кружи скандалозна снимка, на која турски навивач пука во телевизорот по промашениот пенал на Јилмаз.
Turkey fan reaction to Yilmaz missed penalty vs Portugal ??? pic.twitter.com/WQQSsa9vud
— Charlie (@CharlieTemple17) March 25, 2022