Top Sport

Јирген Клоп создаде моќен тим

Ливерпул е најактивниот тим во актуелниот преоден рок. На „Енфилд“ веќе пристигнаа Кеита од Лајпциг, Фабињо од Монако и Шакири од Стоук, а се очекува да биде официјализиран трансферот на голманот Алисон.

Јирген Клоп со овие засилувања створи моќен тим, со кој ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата, а исто така ќе цели и на трофејот во Лигата на шампионите.

Клоп ќе ја задржи истата формација, нема да ја менува четворката во одбраната и тројката во нападот, а засилувањата Кеита и Фабињо треба да бидат во редот за врска покрај Хендерсон.

Ливерпул: Алисон Бекер, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Ловрен, Робертсон – Хендерсон, Фабињо, Кеита – Мане, Салах, Фирмино.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');