Top Sport

Јобо: Нигерија има млад и бестрашен тим

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Нигерија, Јосеф Јобо (37), смета дека „супер орлите“ имаат млад тим и бестрашен тим кој може да ја мине првата фаза на првенството.

„Мораме да одиме натпревар по натпревар, за нас најважно ќе биде успешно да го отвориме светското првенство. Идеално би било да ја победиме Хрватска на стартот, за потоа мирно да се подготвуваме за Исланд“, рекол Јобо кој во кариерата одиграл 101 натпревар за Нигерија и заедно со голманот Винсент Енејама е рекордер според бројот на настапите за Нигерија.

Јобо, во кариерата, бил учесник на три светски првенства (2002, 2010, 2014).

Нигерија првиот меч на СП ќе го одигра в сабота од 21 часот, во Калининград, против Хрватска.

Scroll to Top