Top Sport

Јокановиќ доби отказ, Раниери е новиот тренер на Фулам

Славиша Јокановиќ, првиот српски тренер во историјата на Премиер лигата, повеќе не е шеф на стручниот штаб на Фулам. Сопственикот на клубот, Шахид Кан, рекол дека работел на отказот на Јокановиќ, поради серијата на лоши резултати. Фулам минатото лето на засилувања потроши преку 100 милиони фунти, но и покрај тоа по 12 натпревари има освоено само пет бода.

Фулам покрај отказот што го доби Јокановиќ, потврди дека нов менаџер на екипата ќе биде Клаудио Раниери, кој доби можност повторно да работи во Премиер лигата.

Италијанецот по сензационалната сезона со Лестер кога ја освои шампионската титула, во наредната сезона, односно кон крајот на сезоната 2016/207, поради лошите резултати доби отказ.

„Смена на тренерот без вистински наследник не доаѓаше во предвид. Поради тоа ни беше важно тренер од калибарот на Раниери да го прифати предизвикот, тоа ни беше клучно. Тој е сигурна опција и е подготвен за предизвиците во Премиер лигата“, рекол Кан.

Scroll to Top